Песков: Русија се залага за најбрза нормализација на односите со САД

РФ континуирано се залага за најбрза нормализација на билатералните односи меѓу Русија и САД, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Ние континуирано се залагаме најбрзо да помине „црната“ етапа во нашите билатерални односи. Ние сакаме нормализација на нашите односи“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.

На барањето да ја коментира одлуката на американското ФБИ за истрага за хакирањето на серверите на Демократската партија на САД, Песков одговори дека „тоа фактички, е малку таков американскиот стил“.  

„Сакам да укажам: првин обвинување, а потоа декларирање желба за спроведување истрага. Во тоа е апсурдноста. Ние во Русија сме навикнати првин да спроведеме истрага, а потоа да обвиниме некого за нешто. Тоа го сметаме за пологично и покоректно“, изјави Песков.

„Освен тоа, би предложил да се обрне внимание на суштината на она што им избега на хакерите. А им избега мошне интересна информација, која сведочи за определени активности, да речеме, за манипулирање со јавното мислење во предизборната кампања. Во наведениов случај, некои свои манипулации се обидуваат да ги камуфлираат со повторна демонизација на Русија, што го сметаме за некоректно. Русија не се мешала и никогаш нема да се меша во внатрешните работи, уште повеќе изборни работи, на други држави. Уште повеќе на САД“, додаде портпаролот на рускиот претседател.



 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња