МНР РФ ги смета за навредливи изјавите на Клинтон за Русија

Москва сериозно реагира на обвинувањата на кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон за вмешаност на руските специјални служби во упадот во серверите на Демократската партија, иако Вашингтон не искажа официјални жалби, изјави амбасадорот со посебни овластувања на МНР Русија Андреј Крутских.

„Тоа е просто безобразие и зборува за слабоста кога работата доаѓа до таков вид на аргументи“, изјави специјалниот претставник на претседателот на РФ за меѓународна соработка во областа на информатичката безбедност Андреј Крутских, пренесува „Взгљад“.

„Ние реагираме на тоа многу сериозно, затоа што тоа, пред сѐ, изгледа навредливо и недостојно за самото ниво на претседателската изборна кампања“, потенцираше тој.

„По официјална линија ништо не се кажува, а со цел да се влијае на американските избирачи им се потфрлаат недокажани обвинувања“, заклучи дипломатот.

Претходно кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон го обвини руското разузнавање за хакирање на серверите на Демократската партија на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња