Воените експерти на НАТО се поканети во септември во Москва на консултации во врска со военополитичката ситуација во Европа, соопшти заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов.
„Воените експерти на НАТО се поканети во септември 2016 година во Москва на консултации во врска со военополитичката ситуација во Европа. Министерството за одбрана на Русија како приоритетна цел во оваа сфера ја разгледува подготвеноста врз основа на реципроцитет летовите на воената авијација над Балтичкото море да бидат дозволени само со вклучени уреди за автоматска идентификација (транспондери)”, изјави Антонов, пренесува „Взгљад”.
Според него, експертите на НАТО и на балтичките земји кои не се членки на Алијансата се повикани во Москва за консултации и усогласување на мерките за реализација на иницијативата на претседателот на Финска Саули Ниинисте за безбедноста над Балтичкото море.
Антонов ја истакна подготвеноста за соработка со цел врз база на билатерални спогодби во оваа сфера да се спречат инцидентите на море и во воздух, како и подготвеноста „за консултации со одбранбените ресори на Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Шведска и Финска со цел неутрализирање на загриженоста во врска со воените активности во пограничните реони“.
Освен тоа, заменик-министерот за одбрана на Русија истакна дека „воениот ресор детално ги анализира одлуките донесени во Варшава... На руската страна на заседанието на Советот Русија-НАТО ѝ е понудена позитивна програма за развој на односите со Алијансата, чија реализација би придонела за деескалација на напнатоста и спречување на воени инциденти на линијата на контакт на вооружените сили на двете страни“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче