Москва со потребното внимание ќе се однесува спрема заканите објавени во видеото на терористичката организација „Исламска држава“, изјави во понеделникот, 1 август, портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.
„Таквите објави се земаат предвид од специјалните служби кои одговараат за антитерористическа работа и за осигурување на безбедноста. Веројатно неопходните мерки се преземаат по линија на Министерството за одбрана во текот на реализацијата на операцијата на руските ВКС во Сирија“, изјави Песков.
Тој исто така истакна дека таквите закани не се способни да влијаат на континуираната политика на Русија и претседателот Владимир Путин во борбата со тероризмот, која ќе продолжи во сите насоки.
Претставникот на Кремљ додаде дека не треба да се преувеличуваат таквите закани. „Несомнено, терористичките групи, според тоа како се одвива борбата против нив, кога на места „ќе ја подвиткаат опашката“, користат тактика на заплашување, тоа е нормална пракса, не треба да се однесуваме спрема тоа некако хипертрофирано. Но истовремено треба да се преземаат мерки на претпазливост“, изјави Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче