Рамзан Кадиров ја нарече „пуста приказна“ видео-снимката на која „Исламската држава“ ѝ се заканува на Русија.
„Изненаден сум како медиумите во нашата земја се тркаат да објават некое соопштение на „Иблиската држава“. Фактички сето тоа придонесува за тоа до стотици милиони луѓе да допрат заканите на еден бандит. Јас со цела одговорност изјавувам дека тоа соопштение е „пуста приказна“ зад која не стојат никакви реални сили и можности“, напиша Кадиров на својот профил на „Инстаграм“, пренесува „Рамблер Њуз”.
Според Кадиров, можно е снимката да е подготвена со помош на западните специјални служби и да претставува дел од „информативната и идеолошка војна“ што се води против Русија.
„Никој нема да дојде во Русија! Заканите, кој и да стои зад нив, не се ништо освен празно ломотење. Руските вооружени сили ги натераа терористите да го подвиткаат опашот во Сирија. Деновите им се одбројани! Ние сме во состојба во целост да ја уништиме „Иблиската држава“ во нејзиното сопствено дувло“, истакна Кадиров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче