Терористичката организација „Исламска држава“ објави видео-снимка со закани упатени од Русите, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
На видеото на кое е снимен тренинг на терористите, еден од милитантите се обраќа до претседателот на Русија Владимир Путин, по што ги повикува своите „браќа“ да ѝ објават џихад на Русија.
Оригиналноста на снимката не е потврдена, познато е само дека е испратена преку сервисот за пораки „Телеграм“, кој го користат милитантите за размена на пораки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.