Трамп: Народот на Крим сакаше да биде со Русија, а не со Украина

Американскиот милијардер Доналд Трамп смета дека народот на Крим направи избор во корист на Русија и САД треба да го почитуваат тоа.

На прашањето дали е подготвен да го признае Крим како дел од Русија, кандидатот за американски претседател од редовите на Републиканската партија Доналд Трамп одговори: „Ќе ја разгледам таа можност“. „Сепак знаете, народот на Крим, како што слушнав, повеќе сака да биде со Русија отколку такму каде што беше порано. И тоа треба да се има предвид“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.

На прашањето дали е подготвен да ги подобри односите со Русија помирувајќи се со влегувањето на Крим во состав на Русија, Трамп одговори: „Ме познавате мошне добро, јас со ништо не се смирувам, нели е така? Меѓутоа ако имаме добри односи со Русија и таа ни помогне да се ослободиме од ИД, искрено, тука станува збор за огромни пари и мноштво животи. Тоа ќе биде позитивно нешто, а не негативно“.

Трамп увери дека ако стане претседател на САД, ќе води политика во однос на Русија поинаку од сегашниот американски лидер Барак Обама. „Ќе се справиме подобро. И нашите односи со Русија ќе бидат подобри“, истакна републиканецот.

Во средата Трамп изјави дека во случај да биде избран за претседател на САД, тој е подготвен да го разгледа прашањето за можно признавање на Крим како дел од Русија и да за укинување на санкциите против Москва.

Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков претходно изјави дека таа изјава на кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп не може да го промени односот на руските власти спрема него, затоа што не може да се носат заклучоци врз основа на предизборна реторика.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња