Претседателот на Русија Владимир Путин на Денот на Воената морнарица учествуваше на парадата во Санкт Петербург, пренесува РИА „Новости“.
Карактеристика на празнувањето годинава е учеството во парадата на бродови и подморници од последна генерација кои влегоа во состав на ВМФ РФ во рамките на државната програма за изградба на воени бродови.
Путин на глисер го помина стројот од 16 бојни бродови, подморници и логистички пловила на реката Нева. Меѓу нив беше најновата фрегата „Адмирал Есен“, корветата од последна генерација „Бојкиј“, современата дизел-подморница „Краснодар“, бродот за противминска одбрана „Александар Обухов“.
Претходно Путин го посети легендарниот крстосувач „Аврора“. Видео од настанот можете да погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче