Русија е подготвена да соработува со сите земји за зајакнување и на европската и на глобалната безбедност, но во случај на неадекватни идеи на политичарите од други земји ќе следува итен одговор, изјави во неделата спикерот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин.
„Русија никому не му се заканува, повторувам, никому не му се заканува и е подготвена да соработува со сите земји за зајакнување и на европската и на глобалната меѓународна безбедност. Но ако во главите, ако во нездравите глави на политичарите на која било земја или група земји одеднаш се појави злобна и луда идеја со познат карактер и бидат преземени обиди за да се реализира таа идеја, одговорот на Русија ќе биде справедлив, молневит и решителен“, изјави Наришкин на празнувањето на Денот на Воената морнарица во Североморск.
Наришкин истакна дека денеска Северната флота е пример за современа воена моќ. „Тоа е гарант на безбедноста на нашите граници, гарант на безбедноста на Северниот морски пат. Северната флота е еден од главните фактори за обезбедување на нуклеарниот паритет, што значи и за обезбедување на мирот на планетата“, додаде спикерот на Државната дума на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче