Француски генерал: Распуштање на НАТО и обединување со Русија

Постоењето на НАТО во сегашниот вид и ширењето на Алијансата на исток им одговара, пред сѐ, на САД, кои сакаат да ја зачуваат дистанцата меѓу Русија и Европа, изјави во интервју за „Фигаро“ францускиот генерал, експерт по геополитика и економско разузнавање Жан-Бернар Пинател.

Доколку Русија им станеше сојузник на европските земји во 90-те години, тогаш тој суперсојуз ќе можеше да биде издржана конкуренција на САД и да ја оспори нивната глобалната надмоќ која ја добија со распадот на СССР, смета генералот Пинател во интервјуто за „Фигаро“.

Според Пинаел, заканата од исламизмот повторно ја отвори расправата за глобалното лидерство. Неодамнешните трагични настани во Европа јасно им покажуваат на Французите и другите сојузници на САД во НАТО дека оваа Алијанса никако не им помага на Европејците да се борат со терористичката закана. Покрај тоа, поради несигурноста и колебањето на САД Европејците ги гледаат ефикасните активности на Москва против „Исламската држава“, што ги тера повторно да се замислат за сојуз со источниот сосед.

„Доказите добиени по цена на 234 убиени и 671 ранет од 2012 година требаше не само да го потресат НАТО, туку и да доведат до негово целосно распуштање или тотална европеизација, затоа што сегашната политика на Алијансата воопшто не им одговара на интересите на Франција“, изјави генералот.

Русија одамна им предлагаше на САД да ги координираат своите активности за Сирија, меѓутоа Обама одбиваше под изговор дека умерената опозиција сѐ уште има потенцијал. Како резултат на тоа, на Блискиот Исток се формира нова рамнотежа. „Русија, која историски присуствуваше во тој регион, одново се враќа. Кина, што е ново, активно го пика носот во регионот и само Франција – која имаше привилегирана позиција на посредник, загуби сѐ под покровителство на САД“, смета Пинател.

Притоа генералот смета дека  на Русија и Франција потполно им се совпаѓаат стратешките и економските интереси, а во историјата на двете земји имаше периоди на плодотворна соработка и пријателство. „Желбата на САД да ја вратат во Европа атмосферата на студената војна се реализира преку НАТО и им служи на интересите на Американците, како и на неспособните и корумпирани европски лидери“, резимира експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња