Државна дума: САД се одговорни за кибер-нападите врз руските државни органи

„Тоа очигледно го покажува интензивирањето на разузнавачката работа на САД против нашата земја. Нема сомнеж во тоа“, изјави заменик-претседателот на Комитетот на Државната дума за безбедност Дмитриј Горовцов.

Заменик-претседателот на Комитетот на Државната дума за безбедност и борба против корупцијата Дмитриј Горовцов смета дек кибер-шпионирањето на 20 руски организации го покажува интензивирањето на разузнавачката активност на САД.

„Тоа очигледно го покажува интензивирањето на разузнавачката работа на САД против нашата земја. Нема сомнеж во тоа“, изјави Горовцов за РИА „Новости”.

Според зборовите на пратеникот, оваа работа е интензивирана и на ниво на соработници на амбасадата „кои во последно време се мошне активни“.

„Тоа ни покажува дека естаблишментот на Америка навистина чувствува закана од страна на РФ, дека сфаќа дека руските вооружени сили имаат сѐ поголем потенцијал. Од тоа настануваат обидите за интензивирање на разузнавачката активност, обидите за шпионажа на територијата на нашата земја. Но јас знам дека овие обиди активно се блокираат и дека нашите контраразузнавачки служби се борат против нив”, додаде Горовцов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња