Новак: Москва и Анкара разгледуваат изградба на два крака на „Турски тек“

Русија и Турција дискутираат за изградба на два крака на гасоводот „Турски тек“, изјави министерот за енергетика Александар Новак.

„Турција е заинтересирана гасот да пристигнува директно, минувајќи други транзитни земји, и во рамките на тоа во „Турски тек“ е предвиден еден крак, барем за турските потрошувачи. Кракот е со 15,75 милијарди кубни метри гас. Во целина разговараме во моментов за изградба на два крака. Вториот крак е за европските потрошувачи, кој исто така може да биде поставен на дното на Црното море и поставен преку територијата на Турција“, изјави Новак во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Претходно Анкара изрази подготвеност да почне со изградба на првиот крак на „Турски тек“.

Во вторникот Москва и Анкара се договорија да создадат работна група за „Турски тек“, пишува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња