МО РФ одговори за „скриената замисла“ зад операцијата во Алепо

Министерството за одбрана на Русија е изненадено од реакцијата на некои медиуми и политичари кои видоа во дејствијата на Русија во сириски Алепо „скриена замисла“.

Министерството за одбрана на Русија е изненадено од реакцијата на некои медиуми и политичари кои видоа во дејствијата на Русија во сириски Алепо „скриена замисла“. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов, потенцирајќи дека операцијата во Алепо е исклучително хуманитарна.

„Предизвикува чудење реакцијата на некои медиуми и политички дејци кои видоа во руските дејствија скриена замисла. Би сакал да потенцирам дека операцијата во Алепо е исклучително хуманитарна и подготвени сме да сториме сѐ што е можно за укажување помош на цивилното население кои се најдоа како заложници на терористите, и дури и за бунтовниците кои посакале да го положат оружјето“, изјави Антонов.

Како што истакнува заменик-министерот, ако има потреба, хуманитарните коридори за цивилните конвои ќе бидат отворени не само за излез од Алепо, туку и во самиот град. „Сепак под никакви околности нема да дозволиме во реоните контролирани од бунтовниците да пристига оружје однадвор“, истакна заменик-министерот за одбрана на РФ, пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња