Медиум: ЕУ може да ги укине санкциите за еден економски сектор на РФ

Постои можност ЕУ догодина да ги укине санкциите за еден од економските сектори на Русија, соопштува „Ројтерс“.

Европската унија допушти можност догодина да бидат укинати антируските санкции за еден од економските сектори, пишува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на европски дипломат.

„Најверојатно нема да бидат укинати сите санкции истовремено, сепак е можна одлука за укинување за еден од економските сектори догодина“, изјави соговорникот на „Ројтерс“. 

Одлуката на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за посета на Русија во текот на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ), според мислењето на европските дипломати, била предизвикана од загриженоста поради губењето на единството во ЕУ во однос на антируските санкции.

„Како резултат гледаме дека сѐ повеќе земји се сомневаат, велат дека треба да ги анализираат санкциите и да го проценат нивното влијание“, додаде функционерот.

„Ројтерс“ прецизира дека во основа својот став го менуваат оние европски земји врз кои најсилно се одразија руските санкции. Владите на тие држави чувствуваат сѐ поголем притисок од страна на своите граѓани, пишува агенцијата. Особено станува збор за земјите од југот и истокот на Европа - Италија, Грција, Унгарија, Кипар, Словенија, Словачка и Бугарија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња