Филм на Андреј Кончаловски на филмскиот фестивал во Венеција

Новиот филм на Андреј Кончаловски „Рај“ ќе биде прикажан во натпреварувачкиот дел на 73 филмски фестивал во Венеција.

Во натпреварувачкиот дел од програмата на 73 филмски фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 31 август до 10 септември, влезе и филмот на рускиот режисер Андреј Кончаловски „Рај“. Филмот е заедничка продукција на Русија и Германија.

Во основата на сижето се приказните на тројца луѓе чии судбини се вкрстиле во текот на Втората светска војна. Тоа се Олга, француска емигрантка и припадник на францускиот Отпор, Французинот-колаборационист Жил и Хелмут, офицер со висок чин во германскиот Ес-Ес

Андреј Кончаловски веќе беше во Венеција: режисерот учествуваше четирипати на филмскиот фестивал, а двапати се враќаше со награди – во 2002 година неговиот филм „Дом на будали“ го освои Гран-прито, а во 2014 година доби „Сребрен лав“ за филмот „Белите ноќи на поштарот Алексеј Трјапицин“.

Една од главните улоги во новиот филм „Рај“ ја игра сопругата на Кончаловски - актерката и ТВ-водителка Јулија Висоцкаја. Покрај руски, во филмот учествуваат француските и германските актери Филип Дикен, Питер Курт, Кристијан Клаус и Јакоб Дил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња