На прес-конференцијата одржана во Флорида, а која ја пренесуваа американските телевизии, на прашањето дали е подготвен да го признае Крим во состав на Русија и дали ќе го разгледа укинувањето на санкциите за Русија, Доналд Трамп одговори:
„Да, ќе го разгледаме тоа. Да, ќе го разгледаме“, рече Трамп без да наведе детали.
Сепак, официјалната програма на Републиканската партија предвидува задржување, па дури и зајакнување на санкциите, како и непризнавање на Крим како дел од руската територија.
Трамп рече дека „повеќе би сакал да биде во пријателски односи со Русија, за заедно со останатите луѓе и земји да ја победи Исламската држава“.
Републиканскиот претседателски кандидат претходно изјавуваше дека би сакал да изгради поблиски односи со Москва, а претседателот Владимир Путин го поздрави овој потег и оцени дека Трамп е талентиран и маркантен човек, пишува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче