Медведев ја повика „Единствена Русија“ да ја кажува вистината

Премиерот и претседател на партијата „Единствена Русија“ Дмитриј Медведев ги повика членовите на партијата да им ја кажуваат на Русите вистината

Премиерот и претседател на партијата „Единствена Русија“ Дмитриј Медведев ги повика членовите на партијата да им ја кажуваат на Русите вистината, објавува Газета.ru.

„Треба да сме партија на реални дела и се надевам дека сме таква, и треба да ја кажуваме вистината“, рече премиерот на средбата со партиските лидери.

Медведев истакна дека тие „треба да ја анализираат фактичката состојба, без да ја украсуваат“.

Премиерот претходно им посака здравје и добро расположение на своите следбеници на Твитер, кои веќе ги има над 5 милиони.

Претходно во јули Медведев ги повика руските граѓани да не веруваат на предизборни ветувања за нагло зголемување на платите и пензиите, бидејќи ваквите предлози ќе ја доведат Русија до банкрот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња