Поранешниот премиер на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека тој ја издал наредбата врз основа на која турските вооружени сили во ноември минатата година го соборија рускиот бомбардер Су-24М, пишува „Хуриет Дејли Њуз“.
Давутолглу истакна дека неговата наредба не се однесувала на конкретен авион, туку дека тоа било генерално упатство за одбрана на воздушниот простор на Турција. „Во нашата земја премиерот му ги предава на генералштабот правилата за примената на вооружувањето во писмена форма. Наредбата ја издадов на 10 октомври“, изјави Давутоглу.
Според него, во наредбата се наведувало дека вооруженте сили на Турција треба да ги соборуваат не само сириските, туку и сите други авиони кои ќе го нарушат воздушниот простор на Турција. Поранешниот премиер додаде дека оваа одлука била донесена откако руските авиони повеќе пати ја нарушиле границата.
„Јас би презел политичка одговорност за оваа одлука, дури и ако тоа се случеше денес“, додаде Давутоглу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче