Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина изјави дека Москва има некакво „кибернетичко оружје“ кое претставува закана за земјите на Западот, пишува на соопштението објавено на сајтот на СНБО.
Во соопштението се истакнува дека за заканата од страна на Русија раскажал шефот на Службата за информатичка безбедност на СНБО Валентин Петров во интервју за германската телевизија ZDF.
Емисијата е посветена на настаните од декември 2015 година кога една од енергетските компании во Ивано-Франковската област соопшти за кибер-напад поради кој во регионот снемало струја. За настанот Киев ги обвини руските хакери.
Според Петров, „рускиот напад“ бил подготвуван не помалку од половина година и бил наменет да покаже дека „постои кибернетичко оружје кое ќе ги стави во опасност земјите на Западот“. Тој го нарече тоа „аларм“ за земјите со развиени информатички технологии.
„Тие настани што се случија во Украина се наменети во прв ред не против Украина, тоа е демонстрација за Западот на потенцијалните можности на Русија“, изјави претставникот на СНБО.
Москва се сомнева во издржливоста на ваквите изјави. Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков веќе укажа на „тенденцијата да се обвинува Москва за сите смртни гревови која сега често се случува во Киев“, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче