Путин: Ситуацијата со спортистите ги надмина границите на здравиот разум

„Постојната ситуација ги надмина границите не само на правното поле, туку и на здравиот разум“, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Ситуацијата со руските спортисти ги надмина границите на правното поле и на здравиот разум, кусогледите политиканти не го оставаат ниту спортот на мира“, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Денеска овде се собраа оние кои долго и упорно чесно се подготвуваа за главниот стар во последниве четири години  го заслужуваат правото да ја бранат спортската чест на Русија. Меѓутоа, за жал, својот сон да настапат во Рио нема да можат го исполнат сите. И треба отворено да се каже дека кусогледите политиканти не го оставаат ниту спортот на мира. Иако токму спортот би требало да ги зближува народите и да ги решава недоразбирањата меѓу земјите“, изјави Путин на средбата со олимписката репрезентација на Русија, пренесува РИА „Новости”.

„Постојната ситуација ги надмина границите не само на правното поле, туку и на здравиот разум. Намерната кампања, чија цел беа нашите спортисти, ги искористи и фамозните таканаречени двојни стандарди, и принциппот на колективната одговорност кој е неспоив со спортот, со справедливоста и со елементарните правни норми, и ја занемари презумпцијата на невиност“, изјави шефот на руската држава.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња