Сложената ситуација на меѓународната сцена не ѝ пречи на Русија да има извонредно мирна и ефикасна одбранбена игра на економски фронт, пишува „Фајненшел Тајмс“.
Земјата мораше да преживее многу проблеми поврзани со падот на цените на нафтата и западните експерти масовно ѝ предвидуваат долготрајна рецесија, а некои од нив зборуваа и за банкрот. Сепак Кремљ не дозволи таков развој на настаните одбирајќи сосем разумна тактика и откажувајќи се од одржување на курсот на рубљата, истакнува весникот.
Благодарение на ниската вредност на домашната валута, руската влада успеа да го уреди буџетот, затоа што во приходите од продажбата на нафтата во рубли останаа на истото ниво. Проекцијата на буџетот претпазливо се вршеше имајќи ја предвид цената на нафтата на ниво од околу 50 долари за барел,што приближно соодветствува на сегашната ситуација. На крај Русија се најде во многу подобра ситуација од останатите водечки производители на нафта, потенцира изданието.
Без оглед на економските потешкотии, Русија исплати во 2014 и 2015 година повеќе од 200 милијарди од надворешниот долг. Степенот на невработеност речиси и не се промени, и освен тоа, Москва успеа да дојде до значително намалување на годишната инфлација и намалување на обемот на одлив на капиталот во странство, се вели во статијата.
Последниве години Русија сосем успешно ја одржува економската стабилност. А под услов да попуштат антируските санкции и да се спроведат економски реформи, Москва би можела без напор да се најде на патот на пораст, пишува весникот.
„Во овој момент Путин заслужува висока оценка за добрата игра во одбрана“, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче