Кремљ кажа што мисли за одбивањето на Украина да го врати долгот

Русија смета дека долгот на Киев во износ од 3 милијарди долари е државен и одбивањето да се врати ќе доведе до соодветни последици за финансиските обврски на Украина.

„Никакви одлуки засега не се донесени. Русија постојано го повторува својот став: сметаме дека тоа е суверен долг, државен долг, со соодветни последици за финансиските обврски на Украина“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на РФ, пренесува РИА “Новости.

„Засега не можам да ви кажам какви чекори и кога ќе се преземат, но нема сомнеж дека руската страна го задржува правото да реагира на соодветен начин во правно-меѓународното поле со цел да ги заштити своите во конкретниов случај комерцијални интереси“, рече Песков, одговарајќи на прашањето како ќе се менува тактиката на Русија по повод изјавите на украинските политичари дека нема да го враќаат долгот од 3 милијарди долари.

Претходно министерот за финансии на Украина Александар Даниљук изјави дека Киев нема намера ѝ ги врати парите на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња