Бугарија: Русија ги наруши правилата на летање над Црното море

Авионите на Русија над акваторијата на Црното море ги прекршуваат правилата, изјави Министерството за одбран на Бугарија. Русија веќе ги демантираше изјавите за нарушување „во бугарската зона на воздушна одговорност на НАТО“.

„Летовите на руски авиони без вклучени транспондери, без знаци за распознавање и без претходно најавени планови за летање се документирани од бугарското воено воздухопловство и системот за противвоздушна одбрана на НАТО“, се вели во изјавата на Министерството за одбрана на Бугарија.  

Истовремено бугарскиот одбранбен ресор истакнува дека наведената информација „не е поврзана со нарушување на воздушниот простор на Бугарија, кое би барало доставување официјална протестна нота“, пренесува „Взгљад“.

„Министерството за одбрана на Бугарија не го оспорува правото на авионите на Военото воздухопловство на друга држава да реализира летови во меѓународниот воздушен простор над акваторијата на Црното море, вклучително и во регионот чија контрола лежи врз Бугарија (FIR Sofia), доколку се почитуваат меѓународните норми за летање. Министерството за одбрана на Бугарија не сака конфронтација со никого“, се истакнува во документот.

Претходно портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков изјави дека министерството не добило од Бугарија соопштение за наводно прекршување на правилата на летање од страна на руски авиони „во бугарската зона на одговорност на воздушниот простор на НАТО“ и дека не е јасно што претставува тоа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња