Турција ќе ја обнови истрагата за соборувањето на Су-24

Инцидентот со соборувањето на рускито Су-24 во Сирија ќе биде повторно истражен, соопшти министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак.

Инцидентите со соборувањето на рускиот Су-24 во ноември 2015 година и загинувањето на 34 цивили во нападот на ВВС Турција во Улудер во провинцијата Ширнак на југоистокот на земјата во декември 2011 година ќе бидат повторно разгледани по обидот за воен пуч, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак во вторникот.

Претходно претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во рамките на истрагата за обидот за воен пуч се приведени двајцата пилоти кои го соборија рускиот бомбардер Су-24 во Сирија. Според него, тие можат да бидат припадници на организацијата на опозицискиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен, за кого Анкара смета дека е одговорен за обидот за преврат.

„Мислам дека инцидентите во Улудер и со рускиот авион ќе бидат истражени повторно“, изјави Албајрак во програмата на телевизијата „Хабертурк“, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња