„На 26 јули 2016 година се одржа видеоконференција на ополномоштените претставници на одбранбените ресори на Русија и САД по прашањата за реализација на Меморандумот за разбирање за спречувањето на инциденти и осигурување на безбедноста на летовите на авијацијата во текот на спроведувањето на операциите во воздушниот простор на Сирија од 20 октомври 2015 година. Беше истакнато дека за изминатите девет месеци од моментот на потпишување на Меморандумот, тој ја покажа својата висока ефективност“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад“.
Прес-службата истакнува дека создадените канали за врска во согласност со наведениот документ овозможуваат да се минимизира ризикот од настанување инциденти меѓу авионите на ВКС Русија и коалицијата предводена од САД.
Страните исто така дискутираа за дополнителни мерки за осигурување на безбедноста на дејствијата во воздушниот простор на Сирија.
„Контактите на руските и американските експерти преку билатералните канали за врска ќе продолжат. Постигнат е договор за одржување на следната видеоконференција на крајот на август 2016“, додаде прес-службата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче