Кремљ:Наводите за руско освојување на Полска се „псевдоаналитика на лудаци“

Претходно германскиот таблоид „Билт“, повикувајќи се на извештајот на експертската група „Атлантски Совет“, објави дека „Русија може да ја освои соседна Полска за час“.

Текстовите за можноста на Русија да ја „освои“ Полска за час се „псевдоанализа на лудаци“, изјави портпаролот на рускиотпретседател Дмитриј Песков.

„Како псевдоаналитика на лудаци“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето на новинарите како треба да се оценат таквите изјави, пренесува „Взгљад”.

Како што објави германскиот таблоид „Билт“, повикувајќи се на извештајот на експертската група „Атлантски Совет“,„Русија може да ја освои соседна Полска за час“. Германскиот весник истакна дека Русија во моментов не е заинтересирана за судир со НАТО, но дека сето тоа може брзо да се промени, при што Москва е подготвена да дејствува многу брзо.

Претходно Кремљ го предупреди Западот да не лансира фрази за хипотетички напад на Русија врз било кого.

Данскиот весник „Политикен“ напиша дека западните политичари ги заплашуваат граѓаните со „руската закана“, иако не постои ништо што би укажувало на тоа дека Русија тежнее кон експанзија, додека САД и ЕУ непрестајно се мешаат во интересите на Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња