Европската унија треба да создаде задолжителен регистар на организации-лобисти за спротивставување на „руската пропаганда“, се вели во извештајот на аналитичкиот центар „Мартенс Центар“ со седиште во Брисел.
Како такви организации се наведени агенцијата „Спутник“(Sputnik), телевизијата „Русија денес“ (Russia Today) и меѓународниот проект на „Росијскаја газета“ Russia Beyond the Headlines. Исто така во извештајот се споменуваат и „алтернативни новински сајтови чија припадност не е наведена“ – „Русија-Инсајдер“ (Russia-Insider), „Балтњуз“ (Baltnews) и други.
Одделно се споменуваат и „тинк-тенковите“ како клубот „Валдај“, Рускиот совет за меѓународни работи и Рускиот институт за стратешки истражувања.
Препораките во извештајот се однесуваат на потребата „да се врати сопствената агенда“ во државите-членки на ЕУ, на пример за спротивставување на „митовите на Кремљ“ за „штетата и неуспехот“ на проектот на ЕУ за промовирање на вредностите засновани на човековите права, слободите и владеењето на правото.
Исто така, според мислењето на авторите на извештајот“, треба да се поддржува демократското граѓанско општество со цел засилување на социјалната сплотеност и вклучување на граѓаните во политичкиот живот.
„Медиумите и организациите за граѓанско општество во ЕУ (како и во Русија, во степен колку што е можно) треба да се шират фактите за руската дезинформативна работа“, се наведува во извештајот.
Полицијата и специјалните служби, според авторите, треба да ја подобрат својата работа и да ја продлабочат заемната соработка „со цел спречување на незаконската работа од страна на НВО контролирани од Русија“.
„ЕУ и државите-членки треба да шират објективни информации на руски јазик, адресирајќи ги до аудиториумот кој ги вклучува како рускојазичните малцинства кои живеат во ЕУ, така и гледачите во целиот свет“, се истакнува во истражувањето што го пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче