Ердоган во Русија на 9 август

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе го посети Санкт Петербург на 9 август, соопшти вицепремиерот на турската влада Мехмет Шимшек, додавајќи дека Русија и Турција треба што побрзо да ги нормализираат прекинатите билатерални односи.

„Господинот амбасадор нѐ информираше дека нашиот почитуван претседател потврдил дека на 9 (август) ќе биде во Санкт Петербург. Денеска се наоѓаме овде за што побрзо и со забрзано темпо да ја нормализираме ситуацијата и нашите односи кои беа прекинати на 24 ноември 2015 година“, изјави Шимшек, пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, Турција ја информирала Русија за преземените мерки за осигурување на авиобезбедноста за обнова на чартер летовите.

Вицепремиерот на Русија Аркадиј Дворкович исто така ја потврди планирана за првата половина на август средба меѓу лидерите на Русија и Турција.

„Се среќаваме по инструкции на нашите раководители по завршувањето на разговорот меѓу претседателите на Русија и Турција. Потребно е да создадеме содржајна основа за планираната во првата половина на август средба на нашите раководители“, изјави Дворкович.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња