Воената морнарица на Русија формира „крајбрежен спецназ“

Во составот на Воено-морската флота на Русија се формирани два одреда за специјални намени кои треба да се борат не само со непријателски диверзанти во крајбрежните и територијалните води, туку и да извршуваат диверзии врз непријателски објекти кои се наоѓаат во близина на брегот, пишуваат руските медиуми.

„Во моментов се веќе формирани два нови одреди. Едниот на тихиот океан, вториот на Крим“, изјави за „Известија“ претставник на Министерството за одбрана на Русија.

Според него, двата одреда засега се експериментални, но нивните главни задачи се заштита на своето крајбрежје од непријателски диверзанти, туку и испраќање разузнавачки групи во тилот на противникот.

„Сега ја проверуваме нивната организационо-оперативна структура, како и чамците, беспилотните летала и другите видови оружје и воена техника кои во иднина ќе станат дел од вооружувањето на одредите“, заклучи претставникот на одбранбениот ресор на Русија.

Плановите за точната организационо-оперативна структура и вооружувањето на крајбрежните одреди за специјална намена, како и бројот на нови воени единици во состав на ВМФ Русија засега остануваат тајна.

Во моментов руските воено-поморски бази и бојните бродови и логистичките пловила ги штитат дванаесет одреди за антидиверзантски сили и средства кои се дел од сите четири флоти на Русија, како и на Касписката воена флотила. За разузнавање и диверзии на непријателски крајбрежни објекти, во пристаништа и на бродови се одговорни воените нуркачи кои влегуваат во состав на поморските разузнавачки пунктови, пишува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња