Московските власти направија алтернатива на играта Pokemon GO

Веќе од крајот на август корисниците ќе можат да ги „уловат“ и да се фотографираат со Виктор Цој, Јуриј Гагарин, Александар Пушкин, Петар Илич Чајковски и други познати личности.

Секретаријатот за информатички технологии на Москва ја разви мобилната апликација „Запознај ја Москва: Фото”, во која корисникот треба да ги „улови“ дигиталните двојници на култни и историски личности за да се фотографира со нив, соопшти градската управа на Москва.

„До крајот на август во Play Маркет и AppStore ќе се појави апликацијата „Запознај ја Москва: Фото“ со чија помош ќе можете да се фотографирате со култна историска личност. Унапредената апликација ќе функционира според истиот принцип како популарната игра Pokemon GO”, се наведува на сајтот на Секретаријатот за информатички технологии на Москва, пренесува „Взгљад”.

Се наведува дека, штом корисникот кој ја има инсталирано оваа апликација се најде во радиус од 50 метри од одредена координата, тој може со помош на камерата на паметниот телефон да ја „види“ виртуелната личност. Веќе од крајот на август корисниците ќе можат да ги „уловат“ и да се фотографираат со Виктор Цој, Јуриј Гагарин, Александар Пушкин, Петар Илич Чајковски и други познати личности.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња