Шпанскиот весник „Ел Паис“ пишува дека оваа одлука била поддржана од Москва, додека шефот на американската антидопинг агенција Тревис Тајгарт смета дека тоа ќе ги исплаши сите потенцијални информатори во спортот.
Како што пишува во статијата, МОК го одбил барањето на Степанова, која „за храброста во откривањето на махинациите со допинг во Русија сакаше да настапи во Рио под олимписко знаме“. Комитет на МОК смета дека Степанова сепак не може да учествува на Олимпијадата затоа што претходно призна дека самата користела забранети препарати.
Претседателот на Руската атлетска федерација Дмитриј Шљахтин изјави дека ја поддржува одлуката Степанова да не учествува на Олимпијадата, додека шефот на американската антидопинг агенција (USADA) остана незадоволен:
„Да ја оставите без Олимпијада е неприфатливо и противречи на претходната одлука на Судот за спортска арбитража. Оваа одлука ќе има големо влијание врз сите кои помислуваат да зборуваат гласно за неправилностите во работата на антидопинг агенциите“, нагласи Тајгарт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче