МО Русија негира нарушување на воздушниот простор на НАТО

Министерството за одбрана на Русија ги негира изјавите за наводно нарушување на воздушниот простор на НАТО од страна на руски воени авиони, соопшти во понеделникот портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.

Во неделата на телевизијата Nova TV министерот за одбрана на Бугарија Николај Ненчев изјави дека руски воени авиони со вклучени транспондери влегувале во таканаречената „бугарска зона на одговорност“ во воздушниот простор на НАТО четирипати минатиот месец. Според Ненчев, Бигарија побарала објаснување од Москва, нарекувајќи ги инцидентите „провокација спрема Бугарија и нејзиното воено воздухопловство“. Исто така, тој изјави, „ние преземаме превентивни мерки“.

„Со нескриено чудење дознавме од настапот на бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев на локалната телевизија „НоваТВ“ за наводен пораст на нарушувањата минатиот месец на некаква „бугарска зона на одговорност од воздушниот простор на НАТО“ од руски воени авиони со „вклучени транспондери“. Пред сѐ, би сакале објаснување, и не само нам, од господинот министер, колку далеку од воздушните граници на Бугарија се протегаат границите на нивната замислена зона на одговорност на воздушниот простор на НАТО?“, изјави Конашенков.

Тој истакна дека авионите на руските ВКС навистина планирано редовно извршуваат летови над акваторијата на Црното море“, при што маршрутите на нивните летови се во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води. Освен тоа, сите летови, вклучително и во јуни, се вршеле со вклучени транспондери, потенцираше портпаролот на рускиот одбранбен ресор.

„Го проверивме тврдењето на господинот Николај Ненчев за наводните барања „до Москва“ за објаснување за нарушувањата на правилата на летање од руски авиони. До денес нема ни едно обраќање на наша адреса од страна на Министерството за одбрана на Бугарија. Затоа пред да изјавува пред телевизиските камери за преземените од страна на бугарскиот одбранбен ресор „превентивни мерки“ за реагирање, би му препорачале на господинот министер за почеток да ги провери извештаите на своите потчинети за реалната состојба на нештата“, изјави Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња