Медиум: Објавувањето на писмата на Демократите организирано од Русија

„Кражбата на писмата или ја нарачал господинот Путин или ја организирале функционери кои на тој начин сакале да му се додворат“, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“.

Сајбер-нападот на серверите на Националниот комитет на Демократската партија на САД, благодарение на кој порталот „ВикиЛикс“ (WikiLeaks) објави речиси 20 илјади писма, „го организирале руските специјални служби“, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Кражбата на писмата или ја нарачал господинот Путин или ја организирале функционери кои на тој начин сакале да му се додворат“, пишува американскиот весник .

„Њујорк Тајмс“ тврди дека нападот го извеле најмалку две агенции кои работеле независно една од друга. Притоа останува нејасно како „ВикиЛикс“ ги набавил писмата. „Се претпоставува дека „ВикиЛикс“ ги добил писмата директно од специјалните служби или преку посредник“, се наведува во статијата.

Претходно директорот на кампањата на Клинтон Роби Мук изјави во интервју за „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименувани експерти, дека скандалот со електронската пошта на функционерите на Демократската партија веројатно бил организиран од „руски хакери“..

„Во сето тоа е особено загрижувачки тоа што, како што тврдат експертите, во системот упаднале и ги украле писмата лица поврзани со руската држава“, изјави Мук. „Други експерти сега тврдат дека Русија ги објавуваат овие писма за да му помогнат на Доналд Трамп“, додаде тој.

Вчера шефот на предизборниот штаб на Доналд Трамп Пол Манафорт ги демантираше соопштенијата од штабот на Хилари Клинтон дека кандидатот на Републиканската партија е наводно поддржан од Русија. На тврдењето на Мук одговори и постариот син на републиканскиот кандидат Трамп, Доналд Трамп Помладниот. Трамп Помладиот изјави дека Мук намерно се потпира врз мислењето на неименувани стручњаци за да ја усложни ситуацијата. „Тоа е одвратно и дволично“, изјави тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња