Извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет донесе во сегашните околности максимално објективна одлука да не ги исклучи сите руски спортисти од Олимписките игри во Рио де Жанеиро и руската страна му е благодарна на МОК за оваа одлука, изјави министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко.
„Одлуката што ја донесе МОК беше одмерена и, во дадениов случај, со оглед дека беше заснована на извештајот на независната комисија на WADA, таа е објективна, донесена во интерес на светскиот спорт и единството на олимпиското семејство. Благодарни сме му на МОК за таквата одлука“, изјави Мутко, пренесува РИА „Новости”.
Извршниот комитет на МОК во неделата донесе одлука да не ја исклучи целата репрезентација на Русија од Олимпијадата 2016 година, оставајќи им го правото на меѓународните спортски федерации да одредат кој може да настапи на Игрите, од услов руските спортисти да задоволат низа критериуми. Руските спортисти кои претходно имаа проблеми со допингот нема да можат да учествуваат на Олимпијадата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче