Новинарите на британскиот весник „Меил он Сандеј“ (неделниот додаток на „Дејли Меил“ дознаа за одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за исклучување на целата руска репрезентација од Олимпијадата 2016 која почнувана 5 август во Бразил.
Денеска во швајцарскиот град Лозана ќе се одржи состанок на извршниот комитет на МОК на кој официјално ќе биде соопштена одлуката за судбината на руската репрезентација. Според резултатите од претходно извршената истрага, Светската антидопинг агенција препорача МОК да ја исклучи репрезентацијата на Русија од Игрите во Рио.
Весникот, повикувајќи се на сопствен извор во МОК, пишува дека сите 387 руски спортисти ќе бидат отстранети од Игрите за да ѝ се „покаже на Москва дека допингот претставува напад врз целиот спорт“. „Тоа фактички значи исфрлање од Рио. Но Томас Бах (претседателот на МОК) исто така сака да биде разгледано прашањето за правата на индивидуалните спортисти“, прецизира изданието.
Според неименуваниот извор, клучните лица во МОК исто така се залагаат за исклучување на Русија од зимската Олимпијада 2018 година во Јужна Кореја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче