Русија вложи големи напори во зајакнувањето на своите позиции во Црното море и постигна значителни успеси, попречувајќи ги на тој начин плановите на НАТО, пишува магазинот „Форбс“.
Во последно време САД сѐ почесто соработуваат со земјите од црноморскиот регион, предлагајќи им одржување на воени поморски маневри и вежби, како и разгледување на можностите за заедничка одбрана. Овие потези Вашингтон ги објаснува со тоа што тврди дека на државите кои граничат со Русија им е потребна заштита од потенцијалната „закана“ од страна на Москва, истакнува изданието.
Притоа западните земји добро знаат дека Русија со векови ја третира својата позиција на Црното море како една од главните гаранции на својата безбедност и за тоа има историски и стратешки аргументи, се истакнува во статијата. Затоа и не е за чудење тоа што во последно време Москва концентрирано работи на враќање на старата слава на својата морнарица.
Откако Крим се врати во состав на Русија, таа го покри Црното море со помош на суперсонични противбродски ракети со дострел од 600 километри, напредни воени авиони, како и со бродови и подморници, пишува изданието.
Капацитетите на руската морнарица ѝ овозможуваат на Русија сериозно да ја ограничи слободата на дејство на САД и НАТО во Црното море, што од американската воена индустрија бара значително зголемување на трошоците.
Дури и малите патролни руски бродови можат да извршат напади кои се поефективни од нападите на бродовите на другите морнарици поради фактот што ги имаат новите крстосувачки ракети „Калибар“ и наведувана муниција, заклучува „Форбс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче