Одлуката на Меѓународниот олимписки комитет не ја чекаат само руските спортисти, туку и бразилските компании кои треба да го опслужуваат олимпискиот тим на Русија, доколку добие дозвола да отпатува за Рио, пишува агенцијата „Блумберг“.
„Сѐ уште ништо не е решено“, загрижено истакнува Адриано Гобои, чија компанија, специјализирана за хигиена на просториите, треба да го опслужува олимпискиот дом на руската репрезентација. „Ја чекам одлуката“.
Еден од работниците во приватен јахт-клуб во близина на плажата Копакабана, каде треба да се смести руската репрезентација, изјави дека администрацијата на установата се подготвувала со месеци да ги прими спортистите од Русија.
Според пресметките, изнајмувањето на јахт-клубот ја чинело Русија еден милион долари. Руската страна го резервирала просторот за периодот од 25 јули до 28 август.
„Боите на нашиот клуб и онака се совпаѓаат со боите на руската репрезентација: црвена, сина и бела“, вели членот на администрацијата на јахт-клубот Луис Кориа ди Араужо, кој ги водеше преговорите со руската страна з аизнајмување на клубот. „Нашиот сојуз е среќна коинциденција“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче