Белгискиот парламент ја прими за разгледување резолуцијата за укинување на санкциите против Русија, изјави авторот на предлог-резолуцијата Алдо Каркаси, пренесува „Газета.ру“.
„Предлог-резолуцијата е примена за разгледување. Веднаш по летниот одмор комисијата за меѓународни прашања на Претставничкиот дом ќе ја разгледа оваа резолуција“, изјави тој.
Според пратеникот, целта на резолуцијата е да ја овласти владата на Белгија да може да го поддржи укинувањето на антируските санкции, затоа што тие ги погодуваат белгиските земјоделци.
.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче