Путин испрати телеграми со сочувство до Меркел и Зеехофер

Претседалот на РФ Владимир Путин испрати телеграм со сочувство до раководството на Германија по вчерашниот инцидент во Минхен.

Претседателот на РФ Владимир Путин испрати до канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Баварија Хорст Зеехофер телеграми во кои изрази длабоко сочувство до жителите на цела Германија, како и на Баварија, во врска со трагедијата што се случи во петокот во Минхен и која доведе до човечки жртви, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Во телеграмата со сочувство шефот на руската држава пренесе зборови со сочувство и поддршка на роднините и блиските на загинатите, како и желби за најбрзо закрепнување на сите ранети“, истакнува прес-службата на Кремљ.

Во петокот вечерта во минхенскиот трговски центар „Олимпија“ се случи престрелка во која загинаа девет луѓе, а 16 се хоспитализирани. Полицијата соопшти дека напаѓачот е 18-годишен маж со потекло од Иран. Мотивите засега не се утврдени. Според информациите на полицијата, напаѓачот дејствувал сам и во престрелката си го одзел животот.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња