Песков: Во Москва сите се подготвуваат за Олимписките игри

Москва се надева дека Меѓународниот олимписки комитет ќе им дозволи учество на „чистите“ руски спортисти на Олимиските игри во Рио.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека во Москва сите се подготвуваат за Олимписките игри и се надеваат дека ќе им биде дозволено учество на сите „чисти“ спортисти, пренесува РТ на руски.

„Се разбира, во Москва сите се подготвуваат за Олимписките игри и сметаат дека сите спортисти, кои на ниеден начин не се извалкани со некакви сомневања, сите спортисти кои не беа обвинети или против кои отсуствуваат сомневања за употреба на допинг треба да имаат право да настапуваат на Олимписките игри. И токму на таква одлука (на Меѓународниот олимписки комитет) сметаме“, изјави Песков.

Меѓународниот олимписки комитет треба да ја објави својата одлука за репрезентацијата на Русија на 24 јули.

Претходно Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS) донесе пресуда по тужбата на Олимпискиот комитет на Русија, не дозволувајќи им на руските атлетичари да учествуваат на летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња