МО Русија одговори за нападот врз базата на коалицијата во Сирија

Раководството на коалицијата во Сирија е одговорно за тоа што војниците на коалицијата во Сирија ризикуваат да се најдат во зоните на примена на руската авијација, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Одговорноста за тоа што војниците на коалицијата во Сирија ризикуваат да се најдат во зоните на примена на руската авијација лежи исклучително врз раководството на коалицијата, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Конашенков истакна дека рускиот одбранбен ресор постојано и по сите достапни канали ги повикува партнерите да даваат информации за местоположбата на одредите на „умерената опозиција“ кои се под нивна контрола. Меѓутоа, место тоа, веќе постфактум министерството слуша прекори и обвинувања дека авијацијата на Воздушно-космичките сили на Русија „не требало“ да нанесува удар врз некои реони или цели.

Портпаролот на МО РФ додаде дека дури и по нанесувањето на ударите врз логорот на бунтовниците во реонот на Ат-Танф од американските колеги се слушнала фразата: „Не гаѓајте таму каде штотуку гаѓавте!“.

 „Згора на тоа, судејќи според статијата во „Вол Стрит Џурнал“, на нашите пилоти пред нанесувањето на ударите им се предлага од височина од неколку километри да нагаѓаат дали меѓу бунтовниците има војници на специјалните единици на западните земји според „заштитните вреќи со песок, карактеристични за американските и британските бази“, истакна тој.

Конашенков е убеден дека има поедноставен начин за решавање на проблемите – „нашите партнери да преминат од зборови на дело и да пристапат кон заеднички дејствија против меѓународните терористички групи во Сирија“. Според него, единствено во тој случај ќе се успее да се избегне повторување на слични инциденти и да не се подложат на опасност војниците кои извршуваат задачи за борба со терористите во Сирија.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња