Рускиот авантурист Фјодор Коњухов го собори светскиот рекорд за патување околу Земјата со воздушен балон, обиколувајќи ја земјината топка за малку повеќе од 11 дена, пренесува телевизијата ABC.
Коњухов, 64 години, го почна своето патување на 12 јули од западното крајбрежје на Австралија. Неговата намера беше да го сруши рекордот на Американецот Стив Фосет кој ја обиколи Земјата со балон за 13 дена.
Коњухов во саботата ја помина и последната точка потребна за воспоставување нов рекорд. Сепак пред рускиот авантурист стои сложена задача – да слета до полноќ. Слетувањето на Коњухов се очекува во зоната на „пченичниот појас“ на западниот брег на Австралија.
Синот на Коњухов и еден од членовите на тимот Оскар Коњухов го опиша постигнувањето на таткото како чудо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче