Словенија со милиони евра загуба поради руските контрасанкции

Штетата што ја претрпела Словенија поради забраната за извоз во Русија на млеко и млечни производи годишно изнесува околу десет милиони евра, изјави амбасадорот на таа земја во Москва Примож Шелиго.

Според словенечкиот амбасадор во РФ Примож Шелиго, намалувањето на трговската размена во Словенија во 2015 година изнесувало 30%. Оваа цифра Шелиго ја поврзува како со политиката на санкции така и со намалувањето на цените на нафтата и гасот и со разликата во курсот на рубљата.

„Само поради забраната за испорака на млеко и млечни производи Словенија загуби околу десет милиони евра, односно тоа е директната штета. Се разбира, проблемот се состои и во отсуството на лесни пари кај руските претпријатија. Кога би имало „Жив капитал“, општата бројка, веројатно, би била помала“, изјави дипломатот во интервју за весникот „Известија“.

Притоа тој истакнува дека дури и во такви услови односите меѓу Русија и Словенија бележат позитивна динамика.

„Секогаш кажувам, независно од тоа во која земја се случува криза – а јас ја паметам и руската криза во 1998 година – оние претпријатија кои останаа на пазарот во тој период, подоцна добиваа само плусови. Сега ситуацијата не се смени – треба да се почекаат две-три години, потоа ќе биде подобро. Најважно е што словенечките претпријатија не си заминаа од рускиот пазар“, додаде амбасадорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња