Саудиска Арабија: Русија може да стане посилна од СССР

Саудиска Арабија е подготвена да ѝ помогне на Русија на Блискиот Исток во замена за откажување на Москва од поддршката за сирискиот претседател Башар Асад, изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал-Џубеир.

„Подготвени сме да ѝ отстапиме на Русија дел на Блискиот Исток, што ќе ја направи Русија посилна од Советскиот Сојуз“, изјави министерот во интервју за белгискиот магазин „Политико“.

Според него, Русија може да добие пристап до пазарот на земјите-членки на Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив, како и отворени регионални можности кои го надминуваат инвестицискиот пакет на Кина.

„За Русија би било разумно да се каже дека токму во тој клуч нашите односи ќе им послужат на заемните интереси, а не со Асад“, изјави шефот на саудиската дипломатија.

Едно од главните прашања во сириското решение кое сѐ уште е предмет на несогласување е судбината на претседателот Асад. Дел од сириската опозиција и многу западни земји бараат оставка од претседателот на Сирија Башар Асад и поради тоа не сакаат да му дадат помош. Од своја страна, Русија многупати ја повикуваше западната коалиција да соработува со сириските власти под закрила на СБ ООН со цел борба против „Исламската држава“.

Москва изјави дека „нема да го даде“ претседателот на Сирија Башар Асад, но и дека нема да го задржи поради „лични симпатии“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња