Русија ја укина забраната за летови во Турција

„Росавијација“ од 22 јули ја укина забраната за летови во Турција.

Според соопштението на институцијата, Анкара ја уверила Москва дека властите  презеле „мерки на зголемена безбедност во текот на престојот на руските граѓани на аеродромите и на територијата на Република Турција“, пренесува РИА „Новости“.

Авиопревозниците веќе реагираа на одлуката на „Росавијација“. „Аерофлот“ соопшти дека веќе ја обновил продажбата на билети за две дестинации – Истанбул и Анталија.

Ограничувањата за летови во Турција беа воведени од страна на руските власти на 16 јули. Причина за тоа беше обидот за воен пуч што се случи во таа земја.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња