Вакцината против фашизмот повеќе не делува, но Русија прави сѐ што може идните генерации никогаш да не ја заборават Втората светска војна, изјави Сергеј Лавров на младинскиот форум „Територија на смислите“ во Кљазма, пренесува ТАСС.
„Нирнбершкиот трибунал донесе одлуки кои не можат да се преиспитаат. За жал, вакцината против фашизмот, против расизмот во толку одвратен облик престанува да делува. Правиме сѐ идните генерации никогаш да не ја заборават таа страшна војна и тоа, кој го спасуваше светот, а кој се обидуваше да го потчини на својата волја“, рече министерот.
„Факт е дека неонацистите ја креваат главата во европските цивилизирани земји“, забележа Лавров.
Русија зборува за тоа со своите европски партнери, укажувајќи пред сѐ на ситуацијата во Литва и Естонија, каде секоја година се организираат маршеви на ветерани на С, а во тоа учествуваат и претставници на власта.
„Факт е исто така дека на Европската унија тоа не ѝ оди на рака. Но таа е заложник на својата таканаречена солидарност и се обидува да им излезе во пресрет на балтичките републики“, рече министерот.
Колегите од ЕУ велат дека се работи за желба за самопотврда, додава Лавров. „Но нас многу нѐ загрижува цената на таа самопотврда – препород на нацизмот. И тоа престанува да биде внатрешно прашање на Европската унија“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче