„Она што сега се случува со насилството над полицајците над Афроамериканците и со возвратната реакција на Афроамериканците против структурите на редот и мирот е сериозен аларм. За тоа веќе претседателот Обама е принуден јавно да зборува“, изјави Лавров на форумот „Територијата на смислите на Кљазма“, пренесува „Взгљад“.
Претходно полицаец во САД застрела невооружен Афроамериканец кога овој се обидуваше да му укаже помош на својот пациент со аутистичен синдром.
Во средата неидентификувани лица отворија оган врз полицајци во Њујорк.
По настаните во Далас, каде на 8 јули се случи престрелка во текот на масовниот протест против полициското насилство, по што 11 полицајци беа ранети, од кои петмина подоцна починаа, Американците почнаа да изјавуваат дека почнала расна војан во САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче