„Форбс“ ги објави најплатените руски актери

Магазинот „Форбс“ објави листа со најплатените актери во Русија.

Магазинот „Форбс“ објави листа со најплатените руски актери: на чело на листата се наоѓа Дмитриј Нагиев со приход од 3,2 милиони долари.

На второ место е актерот и режисер Фјодор Бондарчук, со богатство од 1,3 милиони долари. Третото место му припаѓа уметничкиот директор на Московскиот уметнички театар „Чехов“, актер и режисер Олег Табаков (1,1 милиони долари).

Четвртото место го дела Светлана Ходченкова и Владимир Машков, со богатство од по еден милион долари.

На листата најплатени актери според „Форбс“ влегоа и Данила Козловски (0,9 милиони долари), Константин Хабенски (0,8 милиони долари) и Сергеј Безруков (0,6 милиони долари). На последното, десетто место е актерот Никита Михалков (0,35 милиони долари).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња