Амбасада на РФ во Германија: Нема настрадани Руси во Минхен

Амбасадата на РФ во Германија нема информации за настрадани Руси во престрелката што се случи денеска во трговски центар во Минхен.

Портпаролот на руската дипломатска мисија во Берлин Сергеј Бељаев соопшти дека во моментов амбасадата на РФ во Германија не располага со информации за Руси кои можеле да настрадаат во престрелката во еден од трговските центри во Минхен.

„Во моментов никакви слични информации немам добиено“, изјави портпаролот на амбасадата, пренесува РТ на руски.

Според првичните податоци, како резултат на престрелка во трговскиот центар OEZ во Минхен загинаа од 10 до 15 луѓе. Зградата е опколена од полиција и специјалци.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња