Руски ученици со злато на Меѓународните олимпијади по физика и математика

Руски ученици освоија златни медали на Меѓународните олимпијади по физика и математика.

Минатата недела руските математичари освоија злато на меѓународната олимпијада по физика што се одржа во Хонконг, а екипата физичари беше прва на олимпијадата по физика во Цирих (Швајцарија). И двата тима освоија по четири златни медали и по една сребрена, соопшти Московскиот физичарско-технички институт, пренесува порталот „Православие и мир“.

Покрај тоа, учесникот на олимпијадата по физика Александар Артемјев го покажа најдобриот резултат на светот во теорија (best performance in the theoretical examination) и доби награда од Европското друштво за физика (EPS) за најдобар резултат меѓу ученици од европските земји (best male European participant).

На натпреварувањата учествуваа ученици од повеќе од 80 земји. Репрезентацијата на Русија е четврта, по репрезентациите на Кина, Кореја и Тајван (на првите четири екипи според правилата им се доделува злато).

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња